Кошарка

Торонто Репторс загуби на гостувањето кај ЛА Клиперс

12. ноември 2019 - 8:13 | МИА/КАЈГАНА

Тимот на Торонто Репторс, утрово загуби на гостувањето кај Лос Анџелес Клиперс со 98:88. Победникот беше решен во последната четвртина која домаќините ја добија со 25:10.

За Торонто ова е трет пораз сезонава, додека ЛА Клиперс ја забележа седмата победа.

Резултати на другите натпревари играни ноќта меѓу понеделник и вторник:
Детроит – Минесота 114:120
Бостон – Далас 116:106
Сан Антонио – Мемфис 109:113
Њу Орлеанс – Хјустон 116:122
Голден стејт – Јута 108:122.

Пласман во Западната конференција: ЛА Лејкерс 7-2 (победи-порази), Денвер 7-2, ЛА Клиперс 7-3, Јута 7-3, Хјустон 7-3,…

Поредок на Исток: Бостон 8-1, Милвоки 7-3, Торонто 7-3, Мајами 6-3, Филаделфија 6-3.