Топ 10 најдобри албуми за 2022 година

Бијонсе, Тејлор Свифт и Хари Стајлс се само некои од имињата кои се најдоа на оваа листа. Исто така, важно е да се истакнат некои нови артисти, кои заслужено се најдоа во најдобрите 10.

Покрај веќе популарните имиња на музичката сцена, свое место добија и помалку познати музичари како Зак Брајан и бендот Wet Leg.

10. Дрејк, „Honestly, Nevermind“

На десеттото место, според магазинот Page Six, се најде раперот Дрејк со албумот „Honestly, Nevermind“. Слушањето на Дрејк во 2022 година не звучи исто како во 2011 година. На „Honestly, Nevermind“, Дрејк ги отфрла своите хип-хоп корени за бујни клупски ритами и експериментира со хипнотизирачки звуци. Дрејк и претходно го комбинираше грув звукот, но овој пат тоа го направи на нов начин. Целиот албум беше пријатно изненадување што го покажа неговиот музички опсег.

Remote video URL
9. Wet Leg, „Wet Leg“

На деветтото место се најде бендот Wet Leg со истоимениот албум. Wet Leg може да биде аутсајдер на Греми следната година, каде што се номинирани против етаблирани изведувачи како Бјорк и Yeah Yeah Yeahs. Истоименото првенче на дуото е заразна збирка на остри мелодии со дрски стихови.

Remote video URL
8. Тејлор Свифт, „Midnights“

Тејлор Свифт се најде на осмото место на оваа листа. Нејзиниот десетти албум „Midnights“ ги документира нејзините автобиографски стихови за 13 непроспиени ноќи, каде темите се фокусираат на омразата кон себе, растењето и љубовните приказни. Албумот се смета за вкрстување на нејзините албуми „1989“ и „Reputation“ со истиот магичен текстопис.

Remote video URL
7. Лизо, „Special“

Пејачката и раперка Лизо се држи до музичката сцена по нејзиниот пробив во 2019 година со песната „Cuz I love you“. Песните „Damn Time“ и „2 Be Loved“ се само дел од хитовите од новиот албум.

Remote video URL
6. Зек Брајан, „American Heartbreak“

Дебито на Зек Брајан се најде на шестото место. Има малку уметници кои можат да го објават своето деби на голема издавачка куќа и да го задржат вниманието на луѓето. Зек Брајан го направи токму тоа со албумот „American Heartbreak“. Песните што ги напиша за овој албум опишуваат теми како што се губењето на мајка си и пронаоѓањето на трезвеноста. Овде има по нешто за секого, и тоа е она што го прави овој албум вистинско уметничко дело.

Remote video URL
5. Росалиа, „Motomami“

На петтото место е албумот „Motomami“ на пејачката Росалиа. Нејзината експериментална песна „Motomami“ е спој на различни музички жанрови од фламенко до хип-хоп до регетон и бачата. Росалиа соработува и со врвни музичари како The Weeeknd и Фарел Вилиамс, па нема сомнеж дека и таа ќе стигне далеку на музичката сцена.

Remote video URL
4. The 1975, „Being Funny in a Foreign Language“

Популарната група The 1975 со нивниот албум „Being Funny in a Foreign Language“ се најде на четвртото место. Пејачот Мет Хили стана популарен на социјалните мрежи, како што велат обожавателите, поради неговиот симпатичен шарм. Последниот албум на бендот „Being Funny in a Foreign Language“ се смета за многу енигматичен и шармантен како и самиот Хили.

Remote video URL
3. Bad Bunny, „Un Verano Sin Ti“

Албумот на Bad Bunny „Un Verano Sin Ti“ се најде на третото место. Ова е негов четврти албум и го смета за најсреќен во неговата кариера. Со летните хитови како „Tití Me Preguntó“ и „Después de la Playa“, не е ни чудо што „Un Verano Sin Ti“ беше најсимнуваниот албум во 2022 година.

Remote video URL
2. Хари Стајлс, „Harry’s house“

Очекувано, Хари Стајлс е високо на оваа листа на најдобри албуми за 2022 година. „Harry's house“ го зазеде второто место, што не е чудно, бидејќи хитовите „As It Was“, „Late Night Talking“ и „Satellite“ беа едни од најслушаните хитови ова лето.

Remote video URL
1. Бијонсе, „Renaissance“

Бијонсе беше на првото место со нејзиниот албум „Renaissance“. Со својот седми студиски албум, Бијонсе реши да остави музиката да зборува сама за себе. Албумот „Renaissance“ се смета за врв на нејзината кариера, а песната „Cuff it“ е една од најслушаните песни годинава.

Remote video URL

Потсетуваме дека овој албум предизвика бројни контроверзии. Покрај тоа што албумот излезе пред официјалниот датум, Бијонсе се најде во незгодна ситуација поради неовластено користење на дел од песната „Milkshake“ од колешката Келис.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Read more

Детали од свадбата што откриваат дека бракот нема да трае долго

Read more

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Музика

Во тек е конкурсот за наградата „Милан Младеновиќ 2024“

Read more

„Исплива“ видео: Дали победата на Немо на Евровизија беше наместена?

Read more

Андријана Јаневска: По ова издание на Евровизија, донесов правилна одлука што не прифатив да ја претставувам Македонија

Read more

Koj е Немо – победникот на Евровизија

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Џереми Кларксон го обожаваат мажените Британки, го изгласаа за најсекси маж во светот

Читај повеќе

Џеј Ло и Бен Афлек се пред развод: Таа не може да го контролира, а тој не може да ја смени

Читај повеќе

Во тек е конкурсот за наградата „Милан Младеновиќ 2024“

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Како изгледа денес убавицата од оригиналниот Top Gun од 80-тите?

Читај повеќе

Николас Кејџ ќе стане Marvel суперхерој

Читај повеќе
  • play_arrow

Втор трејлер за новата сезона на House of the Dragon

Читај повеќе
  • filter

Роуз Бертрам победи во категоријата најдлабоко деколте во Кан

Читај повеќе
  • play_arrow

„Исплива“ видео: Дали победата на Немо на Евровизија беше наместена?

Читај повеќе
  • play_arrow

Џим Кери за еден од неговите најпопуларни филмови: Сценариото беше ужасно!

Читај повеќе