Тјунирани „ѕверки“ на Саемот во Есен

Саемот во Есен е меѓународен изложбен настан за тјунирани и класични автомобили, мотоцикли и најважен саем за спортски автомобили во Европа.

Оваа година настанот се одржува 10 дена, од 29 ноември до 8 декември, а посетителите досега имаа можност да видат бројни тјунинг преработки, меѓу кои и „полициската“ верзија на Audi RS4, дело на мајсторите на германската тјунинг компанија Abt Sportsline.