„Титаник“ одложен за 4 септември

Скопје, 23 август 2019 (МИ) – Судењето за изборни нерегуларности „Титаник“ е одложено за 4 септември, на барање на обвинителката од СЈО, Лиле Стефанова.

Одолжувањето беше побарано откако одбраната на обвинетите предложи прекинување на пастапката за „Титаник“ до разрешување на состојбата со специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, која според нив е единствено надлежна да ги застапува предметите на СЈО.

Обвинителката Стефанова, во однос на предлогот на одбраната, рече дека како СЈО сметаат дека овластувањата на Јанева се уште се важечки иако е неспорен фактот дека таа е во притвор за случајот „Рекет“.

– Го замислувам судот да ја одложи денешната расправа и на следната закажана ќе се произнесеме по наведените барања, изјави Стефанова.
Пред почетокот на рочиштето, адвокатот Димитар Дангов побара прекин на главната расправа поради, како што рече, одредениот притвор на Јанева за предметот „Рекет“.

– Според Законот за СЈО, Катица Јанева преку својството кое го има е единствено надлежна да го застапува секој, па и овој предмет. Од наведените причини мора да кажам дека обвинителката Лиле Стефанова нема право да го застапува овој предмет. Конечно Стефанова не може да има повеќе право на застапување од правото што Јанева го нема во овој момент. Предлагам главната расправа да се прекине, изјави Дангов.

Обвинетиот Илија Димовски, пак, на судот му посочи дека согласно случувањата, може да се смета дека постапката за разгледување на работата на СЈО е започната.

– Предлагам судот да донесе решение до завршување на постапката на Советот на јавни обвинители и Собранието, и доколку одлуките бидат негативни по Катица Јанева, судот да ја прекине расправата, изјави Димовски.

Предлагам, посочи Димовски, овој предмет во интерес на сите во постапката да ја почека разврската.

Процесот го води судијата Осман Шабани, а застапник на обвинението е Лиле Стефанова од СЈО.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и досега се изведени околу 4.700 од вкупно 5.900 материјални докази предложени од СЈО.

Освен поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство, во „Титаник“ обвинети се и Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристоски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашјаковска.

Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Македонија

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори

Read more

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Read more

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Read more

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Read more
 

Вести

Инспектори затекнале диви менувачници на Бит-пазар, но наместо да ги запечатат, им дозволиле да работат

Читај повеќе

Fox News открива: САД потрошиле најмалку 113 милијарди долари за војната во Украина

Читај повеќе

Во Таџикистан уапсени 9 лица поврзани со масакрот во Москва

Читај повеќе

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Читај повеќе

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Читај повеќе

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево: 3 млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Читај повеќе

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Читај повеќе

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе