Авто новости

Tesla откри кога ќе го претстави електричниот пикап

7. ноември 2019 - 9:26 | Б.С.Б.

Директорот на компанијата Tesla, Елон Маск официјално потврди дека претставувањето на електричниот пикап наречен Cybertruck ќе се одржи на 21 ноември на настан во Лос Анџелес.

Маск досега има откриено малку информации за електричниот пикап, во јуни изјави дека пикапот ќе биде подобар од Ford F-150, кога станува збор за функционалноста, а истовремено ќе биде подобар од спортски автомобил.

Tesla моментално продава три електрични модели, Model S, Model 3 и Model X. Се очекува кон крајот на 2020 година да почне со продажба на кросовер на Model X, а веќе се претставени нови верзии на Tesla Roadster и електричниот камион Tesla Semi.