Хроника

Тешко повреден работник во Гостивар

8. октомври 2019 - 16:20 | МИА

Скопје, 8 октомври 2019 (МИА) – Вчера околу 13.20 часот во СВР Тетово било пријавено дека Н.С. (49) од Гостивар се здобил со тешки телесни повреди додека извршувал работни задачи во фабрика во Гостивар.

Како што соопшти МВР, тој бил пренесен во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“ за укажување на лекарска помош.

Увид извршила екипа од Полициската станица Гостивар.