Терористите од Москва пред нападот биле во Турција, се радикализирале онлајн

Двајца од четворицата терористи од Таџикистан, кои во петокот го извршија нападот во „Crocus City Hall“ во Москва, неодамна отишле во Турција за да ги обноват своите руски дозволи за престој, потврди денеска за Reuters неименуван турски безбедносен претставник.

„Тие веројатно добиле инструкции за вооружен напад кога патувале за Турција“, објави синоќа рускиот весник Известия, цитирајќи неименуван извор.

Останатите двајца осомничени за учество во терористичкиот злочин, кој ги однесе животите на најмалку 139 лица, биле регрутирани на територијата на Русија, изјави изворот.

Подоцна на 25 март, турски безбедносен функционер изјави за Reuters дека двајцата обвинети вооружени напаѓачи накратко влегле во Турција за да ги обноват нивните руски дозволи за престој, но не биле радикализирани во Турција. Тие не биле предмет на никаков налог за апсење и на тој начин можеле слободно да патуваат меѓу Русија и Турција, додаде официјалниот претставник.

Двајцата терористи на 2 март годинава со истиот лет отпатувале од Турција за Москва, изјави изворот.

Руските власти ги идентификуваа четворицата осомничени како Далерџон Мирзојев, Саидакрами Рачабализода, Шамсидин Фаридуни и Мухамадсобир Фајзов. Сите се државјани на Таџикистан, кои работеле во Русија.

„Не би било коректно да се опише групата осомничени како организирана заспана терористичка ќелија во класична смисла“, според друг неименуван извор, цитиран од Известия. Групата не била формирана како ќелија во ниту една структура, туку била составена буквално неколку недели пред нападот со парични исплати на сторителите, наведува изворот.

Фаридуни за време на сослушувањето признал дека пристигнал во Русија од Турција на 4 март, пишува Известия.

„Ислушнав лекција на Telegram, еден проповедник. Тогаш помошникот на проповедникот понуди пари. Петстотини илјади руски рубли, што е околу 5.500 долари. Убивај, без разлика кој“, рекол Фаридуни на распитот.

Најмалку 139 лица загинаа, а 182 се повредени во нападот на „Crocus City Hall“, за кој одговорноста наводно ја презеде ИСИС.

Фаридуни на 23 февруари објавил фотографии на социјалните мрежи од Истанбул, објави и Известия.

„Вахабистичките проповедници беа во отсуство ставгени на потерница од страна на Русија - на пример, Абдулах Костекскиј и Абу Умар Саситлинскиј. И двајцата во моментов живеат во Турција, според еден од изворите на весникот.

Путин изјави дека терористичкиот напад на концертната сала „Crocus“ во Москва го извршиле радикални исламисти.

„Знаеме дека злосторството е извршено од раце на радикални исламисти. Самиот исламски свет со векови се бореше против таа идеологија. Оние што го планираа терористичкиот напад се надеваа дека ќе посеат паника и раздор во нашето општество, но наидоа на единство и решителност да се спротивставиме на ова зло“, рече претседателот.

Путин рече и дека „важно е да се добие одговор зошто терористите се обиделе да пребегаат во Украина по нападот во 'Crocus' и кој ги чекал таму“.

URL
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Свет

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Read more

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Read more

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе