Книги

Тарантино ќе стане писател, го пишува првиот роман

2. октомври 2019 - 16:56 | Б.С.Б.

Славниот режисер Квентин Тарантино вели дека неговиот следен проект не е поврзан со филмската индустрија туку со книжевноста.

Во разговор со колегата Мартин Скорсезе тој откри дека моментално го пишува неговиот прв роман. Квентин не изнесе многу детали за него, но се знае дека главниот лик ќе биде ветеран од Втората светска војна. Во приказната на романот ќе има место и за филмови.

Режисерот откри дека главниот лик на романот по соочувањето со вистински ужаси во војната нема да може да ги гледа американските филмови на истиот начин, бидејќи сега му изгледаат премногу наивни.

Во киносалите низ светот моментално е актуелен филмот „Once Upon A Time“ во кој Тарантино спојува двајца славни актери како Бред Пит и Леонардо Дикаприо.