Поранешниот шампион во тешка категорија во професионалниот бокс Тајсон Фјури имаше деби како кечер.
„Циганскиот крал“ го победи популарниот кечер Браун Струман на настанот „Краун џуел“ во Саудиска Арабија.
Фјури имаше импресивен настап. Тој се појави во рингот облечен во традиционална облека од Саудиска Арабија со звуците на песната на Исли Братерс – „It’s Your Thing”.
По задолжителната размена на реплики и закани, почна борбата.
Фјури покажа многу трикови, дури и го сруши противникот со шут во градите надвор од јажињата.
Британецот искористи неколку од познатите потези на легендарниот кечер Марк Каловеј – „Гробарот“.
На крајот, Фјури го нокаутираше со десната рака Струман, кој не успеа да се крене додека судијата не изброи до 10.
По три дена има нов настан на кој ќе учествува Фјури– „Monday Night Raw“.