Сведоштво на Американец кој отишол да гледа Вардар - Работнички во Маџари

Филип Здравески
/ 12.03.2024 / 18:07

Американски сокер љубител неодамна бил во земјава и се одлучил да го посети најстарото скопско фудбалско дерби.

Метју Милер во неделата на 6 март заедно со својот син отишол дури до населбата Маџари и стадионот „Борис Трајковски“ за да го гледаат скопското дерби помеѓу вечните ривали Вардар и Работнички во рамките на 22. коло - последно од вториот дел од сезоната (кај нас има три дела).

Вардар победи со 1:0 со гол постигнат директно од корнер од страна на Дарко Глишиќ во 56. минута откако всушност нафрлаше на прва статива. Работнички имаше многу повеќе шанси, но остана со празни раце во ова скопско дерби број 95, а кое датира од далечната 1951 година и дуелите во тогашната Втора ју лига.

Милер своето сведоштво го објави во Facebook групата „Arena-Stadium Chasers“, а го пренесуваме во целост, преведено:

„Едно од најчудните искуства досега. Ќе започнам прво со тоа што мене и на мојот син ни се допадна секоја минута од нашето време во Македонија. Луѓето се одлични, ги сакаат Американците и се желни да уживате во нивната татковина“.

„Овој фудбалски натпревар во првата лига, кој поради некоја причина се одигра во 14:00 часот во среда, беше скопското дерби помеѓу загрозените од испаѓање Вардар и Работнички и се одигра на речиси распаднат стадион со 3.000 седишта (од око) со многу застрашувачки ултраси и големо присуство на интервентна полиција“.

„Влезот беше 100 денари (околу 2 долара) кој го плаќате на случаен тип на влезот на стадионот. Немаше за купување на стадионот, само неколку улични продавачи надвор, а објектите беа основни“.

„Прославивме победа на Вардар од 1:0, само затоа што огромното мнозинство од присутните околу 2.000 си отидоа дома среќни, вклучувајќи го и навивачот кој го помина целото прво полувреме викајќи и плукајќи по линискиот судија (иако луѓето што седеа околу нас беа во ред). Сме биле на натпревари низ целиот свет и овој е речиси при врвот на оние најнезаборавни“.

Иако дом на Вардар е Националната арена „Тодор Проески“, исто како и на Работнички, „Црвено-црните“ играат во Маџари оти скапо им е изнајмувањето на нивниот дом.

Фото: Matthew Miller

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Фудбал

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more

Алегри го напушти Јувентус?

Read more

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Read more

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Read more
 

Спорт

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе

Јокиќ сите ги насмеа на пресот по неверојатниот пораз со 45 разлика

Читај повеќе

Во Барса се бесни: Сепак клоца за Чави

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Фјури не го ни погледна Украинецот Усик пред борбата на векот?

Читај повеќе

ФИФА најави ВАР револуција - ќе биде како во тенисот

Читај повеќе