Здравје

Суперхрана: Намирници кои се корисни за женското здравје

3. декември 2019 - 11:38 | М.С.

Одбирањето на вистинските намирници може да има позитивно влијание на женското здравје. Како што покажаа истражувањата, изборот на одредени групи на намирници може да помогне во подобрување на здравјето и спречување на определени болести, пренесува порталот BrightSide.

1. Водата со лимон го подобрува метаболизмот и поттикнува губиток на килограмите

Водата со лимон е важна за дигестивниот систем затоа што како што жената старее, така количината на киселина во желудникот опаѓа. Истражувањето покажува дека преку 30 проценти од жените имаат атрофичен гастритис, што е состојба која е резултат на слабо присуство на киселина во желудникот.

Освен тоа, лимонот е идеален за слабеење затоа што сокот од лимон има само 12 калории, а има третина од дневната препорачана доза на витамин Ц. Исто така помага за губење на килограмите затоа што помага во борбата против прекумерната потреба за храна, а лимонската киселина има и детоксикациски способности кои помагаат во борбата против рак и го намалуваат воспалението.

2. Чајот од листови од малина помага за менструалните грчеви

Чајот од листови од малина е добро познат пијалак кој е корисен за здравјето на женитe затоа што содржи многу витамини и минерали неопходни за женското тело. Содржи железо, калциум, калиум, витамини А, Б, Ц и Е.

Бремените жени обично го користат овој чај за си го олеснат породувањето, а докажано е дека ги ублажува и симпомите за ПМС(предменструалниот синдром), обилните крварења и болните грчеви. Причина поради тоа е високиот удел на витамини и минерали кои ги урамнотежуваат хормоните и ги зајакнуваат ѕидовите на матката.

3. Брокулата се бори против тврдоглавите брчки

Брокулата е суперхрана која решава различни проблеми.  Брокула содржи 100% витамини кои се пресудни за производство на колаген кој на кожата ѝ дава еластичност. Исто така, богата е со витамин А кој помага за обнова на станиците и помага на кожата да ги замени старите станици со нови.

4. Зачинете ги оброците со куркума

Куркума содржи силни антиоксиданти и противвоспалителни својства. Меѓутоа, исто така е позната и како антибактериско и антивирусно дејство. Куркумата е одличен третман против кандида.

5. Храна богата со омега 3 ги намалува кардиваскуларните заболувања

Постојат низа намирници кои се богати со омега 3 масни киселини, а тоа е најчесто морската храна како што се лососот, туната, ракчињата итн. Храната богата со омега 3 содржи еикозапентаенска киселина, докозахексаенска киселина и ЕПА киселина, кои помагаат за различни здравствени проблеми, а го намалуваат и ризикот од срцеви заболувања.