Судирот на Каталонците со шпанската полиција на аеродромот Ел Прат

„Каталонците се борат за своите правдини“. По пресудата на Врховниот суд на Шпанија со која ги осудија на вкупно 100 години затвор лидерите на каталонската борба за независност, народот се крена на бунт, прво низ улиците на Барселона, а потоа го блокираше и аеродромот Ел Прат.

Повеќе од сто летови се откажани откако шпанската полиција синоќа примени насилство врз демонстранстите кои потоа го возвратија ударот. Аеродромот денеска е затворен за летови бидејќи беше оштетен во судирите во кои околу 180 лица се здобија со повреди од кои 40 полицајци.