Спортска понуда денес: Има ли што да се гледа?

На последниот ден од оваа 2020 година љубителите на спортот во државава сепак ќе имаат што да гледаат, дури и вечер на самиот дочек на 2021.

Шпанската Ла Лига денес има закажано два натпревара и тоа едно големо дерби. Љубителите на фудбалот 2020 ќе ја затворат со баскиската пресметка на „Сан Мамес“ во Билбао со вечното дерби помеѓу Атлетик и Реал Сосиедад. Денеска по точно 147 пат во Ла Лига копјата ќе ги вкрстат овие два лути ривала. Атлетик има 59 победи, Сосиедад има 50, а 37 натпревари завршиле нерешено. Вкупно, во сите натпреварувања денешното дерби ќе биде број 183. Натпреварот се игра од 14 часот, а директен пренос ќе оди на SportKlub 1.

Сепак тоа нема да биде крај на фудбалот денес бидејќи од 16:15 часот завесата во Шпанија ќе имаат чест да ја спуштат Осасуна и Алавес. Преносот исто така ќе оди на SportKlub 1.

За жал истовремено со Баскиското дерби, на Eurosport 1 ќе оди преносот од втората скокалница на турнејата Четири скокалници во Гармиш-Партенкирхен. Денеска ќе бидат квалификациите, додека утре во истото време е завршницата на оваа германска скокалница. На првата скокалница во Оберсдорф триумфираше Карл Гајгер.

Вечерта, пак, е резервирана за кошарка и тоа не било каква, туку НБА.

Во 21 часот по македонско време стартува новогодишната НБА ноќ со дуелот помеѓу Индијана Пејсерс и Кливленд Кавалирс, до доцна во ноќта љубителите на кошарката ќе можат да проследат уште шест натпревари.

Спортска програма за денес:

13:45 Четири скокалници - Гармиш-Партенкирхен (ски скокови)
14:00 Атлетик - Реал Сосиедад (Ла Лига)
16:15 Осасуна - Алавес (Ла Лига)
21:00 Индијана Пејсерс - Кливленд Кавалирс (НБА)
23:00 Вашингтон Визардс - Чикаго Булс (НБА)
00:30 Орландо Меџик - Филаделфија 76ерс (НБА)
01:00 Хјустон Рокитс - Сакраменто Кингс (НБА)
01:30 Торонто Репторс - Њујорк Никс (НБА)
02:00 Оклахома Сити Тандер - Њу Орлеанс Пеликанс (НБА)
03:00 Јута Џез - Феникс Санс (НБА)

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Останати спортови

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Read more

Зошто Фјури не го ни погледна Украинецот Усик пред борбата на векот?

Read more

Поранешниот голман на Челси тешко нокаутиран во KSW

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Ројс со пиво почести 80.000 навивачи

Читај повеќе

Шкупи остана без излез во Европа, па удри по претседателот на ФФМ

Читај повеќе

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Читај повеќе
  • play_arrow

Далас беше на -17, па Дончиќ и друштвото се разиграа и изборија финале на Западот

Читај повеќе
  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе