Стил

Совети за мажи со стил: Како правилно се врзува вратоврска?

10. септември 2019 - 17:25 | А.С.

Без разлика дали комбинацијата на костум со кошула и вратоврска е дел од вашето работно секојдневие или посегнувате по оваа комбинација само за свечени прилики, важно е да ги знаете основните правила на машкиот стил.

Од ширината на сакото, до должината на ногавиците на панталоните, сѐ треба да биде беспрекорно за да изгледате и да се чувствувате удобно и убаво.

Еден од најчестите проблеми со кои се соочуваат мажите кога станува збор за овој класичен изглед е како правилно да ја врзат вратоврската.

Пред сѐ, треба да го направите вистинскиот избор на бои и големина на вратоврската и другите детали, а потоа да ја усовршите техниката на врзување.

Со ова видео ќе научите сѐ, а за секој случај, зачувајте го овој текст во букмаркс да се потсетите пред следната свадба или друга официјална свеченост.