Соломон Паси: Макрон го турка Балканот кон Русија

Софија, 19 октомври 2019 (МИА) – Одлагањето на почетокот на преговори за членство во ЕУ на Северна Македонија и Албанија, не е во интерес на Бугарија, оцени поранешниот бугарски министер за надворешни работи Соломон Паси, потенцирајќи дека стартот на преговарачкиот процес со двете земји „се одложува по трет пат“.

– По ветото на францускиот претседател Емануел Макрон, неговиот руски колега Владимир Путин сигурно нарачал чаша шампањ. Кон кого ги туркаме Македонија и Албанија? Дали ги туркаме во рацете на Русија, Турција, Иран? Само сетете се што се направи претседателот Путин за да ја спречи Македонија на нејзиниот пат кон НАТО, изјави Паси.

Како што јави БГНЕС, според поранешниот шеф на бугарската дипломатија, сега се прават сериозни напори Србија да остане во сферата на руско влијание.

– Што можеме да сториме со Макрон и со неговата ирационална одлука? Мислам дека министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева може да го убеди и тој да го промени мислењето, смета Паси.

Според него, Бугарија нема никаков интерес Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина и Косово „да се вратат назад“.

– Албанија и Северна Македонија еден ден ќе станат членки на Европската Унија, но прашање е со која брзина ќе се случи тоа, додаде Паси. 

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Македонија

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе