Снимка од руски војник стана вирална: Добредојдовте во пеколот

МАКФАКС
/ 30.04.2024 / 10:07

Вирално стана видео од руски војник кој ги предупредува своите сонародници да не одат во војна.

Иако рускиот претседател Владимир Путин не прогласи целосна мобилизација, тој привлекува потенцијални регрути ветувајќи почетна плата од 160.000 рубљи (1.792 долари) месечно. Тоа е три пати повеќе од просечната руска плата, а се нудат и бонуси на регрутите.

Неименуваниот војник ги советувал своите сонародници, особено оние без претходно воено искуство, да не се борат само за пари. Видеото беше споделено на „Икс“, поранешен „Твитер“, од проукраинскиот профил „Вор транслејтед“

Војникот, кој вели дека имал претходно искуство, во видеото раскажува дека многу регрути дошле во војна за пари и дека брзо биле убиени.

„Едниот беше 19-годишник кој немаше поим како да држи, наполни или расклопи автоматска пушка“, вели војникот.

До вчера, видеото беше прегледано повеќе од 328.000 пати.

URL

„Мислевте дека ќе биде лесно? Не е лесно. Јас само сакам да им објаснам на луѓето што се случува овде“, рече тој, опишувајќи дека ситуацијата не е како „во Втората светска војна, каде што само отидовте да убивате Германци“.

„Ова е модерна војна каде што треба да избегнувате касетна муниција, беспилотни летала и гранатирање. За оние кои сакаат да бидат херои… Можам да ви кажам дека дојдовте на погрешно место”, рекол војникот.

„Вашето херојство ќе исчезне кога првпат ќе влезете во борба и ќе го видите првиот труп. И вие може да завршите меѓу тие трупови“, вели тој.

„Тоа е многу страшно. Тоа е повеќе од страв – тоа е терор“, додаде тој, велејќи дека на бојното поле, регрутите исто така ќе мора да се борат со своите стравови за да избегнат дезертерство или заробување.

„Добредојдовте во пеколот, драги браќа, кои доаѓате за пари. Пред да донесете непромислена одлука, како што направив јас, треба да размислите 100 пати дали вреди. Или ви е доста од животот или сте тотални будали”. рече тој и додаде: „Патриотизмот брзо исчезнува кога ќе сфатите дека сакате да живеете“.

реклама

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Read more

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Неколку трикови за идеални пржени лепчиња

Read more

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Read more

Свет

Мајкл Коен призна дека крадел пари од фирмата на Трамп

Read more

Масовни протести во Тел Авив, се бара оставка од Бенјамин Нетанјаху

Read more

Италијански супервулкан го погоди најсилниот земјотрес во последните 40 години

Read more

Бајден: Она што се случува во Газа не е геноцид

Read more
 

Вести

Избрани 15-те млади поети кои ќе читаат на „Отскочна даска“ 2024

Читај повеќе

Мајкл Коен призна дека крадел пари од фирмата на Трамп

Читај повеќе
  • play_arrow

Масовни протести во Тел Авив, се бара оставка од Бенјамин Нетанјаху

Читај повеќе

Италијански супервулкан го погоди најсилниот земјотрес во последните 40 години

Читај повеќе

Доларот зајакна, цената на нафтата падна

Читај повеќе

Бајден: Она што се случува во Газа не е геноцид

Читај повеќе

Сончево и топло време преку ден, попладне краткотројно невреме

Читај повеќе
  • filter

Арсовска од новата влада ќе бара прв приоритет да ѝ бидат законски измени за зголемување на платите на пожарникарите

Читај повеќе

МакеДокс е во потрага по шестата генерација Докуникулци

Читај повеќе