Забава

Смешната страна на хороскопот: 12 знаци заедно на море

13. август 2019 - 13:30 | М.С.

Девицата веќе има нервен слом затоа што во апартманот владее општ неред, никој не раскренал по дома! Јарецот уште еднаш ги пребројува парите и се ценка со газдата на апартманот. Лавот на тераса позира на минувачите. Рибата се буди од спиење и размислува за смислата на животот.

извор: atma.hr

Замислете ја ситуацијата каде што сите хороскопски знаци тргнале заедно на одмор.

Тргнување

Овнот се нервира затоа што автомобилот не оди побргу, Девицата се нервира заради ронките од храна на седиштето. Скорпијата веќе го јаде вториот сендвич. Стрелецот ги ставил наочарите и ги соблекол апостолките, префрлувајќи ги босите нозе на седиштето. Сето ова го набљудува Ракот и плаче. Близнакот веќе променил неколку статуси на Facebook: „Тргнавме“, „Ние тргавме“, „Еве доаѓаме“, „Сипер журка“, „Овнот ме нервира“.

Вагата се плаши да не се изгужва и љубезно го моли Бикот да ги тргне чоколадата и сокот од неа за да не ја измачка.

Лавот низ прозорецот мавта на сите зошто мисли дека гледаат во него. Јарецот пресметува колку пари на ден им се потребни, а Водолијата испробува маска за гњурење. Рибата спие.

Пристигнување

„Фала богу стигнавме“ објавува Близнакот на Facebook. Водолијата лајка. Овнот веќе се бања. Вагата се пресоблекува по стоти пат. Девицата се нервира оти е валкано. Стрелецот се шета, бикот пече скара, ракот готви за сите нив. Јарецот уште еднаш проверува колку пари има и се ценка со газдата.

На плажа

„Јеј, на плажа сме!“ објавува Близнакот на Instagram, Twitter I Facebook. Девицата седи со голема шапка и се мачка со 50ка фактор. Вагата има костим скап како поволна кола. Лавот ја покажува совршената фигура. Рибата не се гледа од сопствениот апарат а Стрелецот се мајтапи со сите.   

Скорпијата забранува таг на слики. Јарецот чита, Бикот јаде сладолед.  Овнот веќе испливал 200 метри.