Славјанка Петровска ја осуди воената агресија на Русија врз Украина

Скопје, 24 февруари 2022 (МИА) – Остро ја осудуваме воената агресија на Русија врз Украина и стоиме единствени со сојузниците во НАТО во повикот кон Русија да прекине со воените дејствија кои се закана за безбедноста на Европа, изјави министерката за одбрана Славјанка Петровска на денешното одбележување на крајот на заедничката обука на припадниците на ренџерскиот баталјон и баталјонот за специјални сили со морнаричките специјални сили на САД во касарната „Илинден“.

 

Како што се наведува во соопштението на Министерството за одбрана, Петровска истакна дека македонските граѓани стојат во солидарност со граѓаните на Украина и дека безбедноста на нашата земја е гарантирана. Таа порача дека нашата јавност треба да биде сигурна оти државниот врв будно ги следи состојбите и ги превзема сите мерки за гаранција на безбедноста.

Амбасадорката на САД, Кејт Брнз, која присуствувала на церемонијата, стои во соопштението, порачала дека денешните настани покажаа зошто вештините кои заеднички ги развиваме се важни за Европа.

– Оваа вежба, оваа мисија која беше изведена маестрално демонстрираше дека ние навистина сме посилни заедно и иако ние како НАТО сојузници продолжуваме со напорите да бараме дипломатски решенија за руската агресија и да изнајдеме конструктивни исходи, нема да правиме компромиси за основните принципи, кои го вклучуваат правото на секоја земја да го избере својот пат и нашата способност да ги заштитиме и браниме сите сојузници, изјавила амбасадорката Брнз.

Заедничката обука на македонските ренџери и специјалци со нивните американски колеги траеше шест недели и како што заклучиле министерката Петровска и амбасадорката Брнз, таа е уште еден доказ за определбата заедно да ги развиваме способностите и интероперабилноста во Алијансата и дека сојузништвото е пред сè и над сè.

Обуката на македонските и американските војници се реализираше во касарната „Илинден“, на стрелиштето „Стенковец“ и на армискиот полигон „Криволак“.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Скриени симптоми на висок крвен притисок

Read more

Македонија

20 мај 1876, македонскиот народ го кренал Разловечкото востание

Read more

Обвинителката собра докази против тројцата осомничени за убиството на Вања и Панче, за Палчо истрагата трае

Read more

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Read more

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Read more
 

Вести

20 мај 1876, македонскиот народ го кренал Разловечкото востание

Читај повеќе

Како иранскиот претседател го доби прекарот „Касапот од Техеран“?

Читај повеќе

Волстрит достигна рекордни нивоа

Читај повеќе

Што би се случило со Германија доколку излезе од ЕУ?

Читај повеќе

Граничните процедури по Брегзит ќе ја чинат Британија 6 милијарди долари

Читај повеќе
  • play_arrow

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Читај повеќе

Обвинителката собра докази против тројцата осомничени за убиството на Вања и Панче, за Палчо истрагата трае

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Читај повеќе

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе