Хроника

Скопјанец и велешанец приведени за поседување марихуана

9. септември 2019 - 15:19 | МИА

На 08.09.2019 во 15 часот полициски службеници од СВР Скопје на улицата „Јадранска магистрала“ го лишиле од слобода С.Н.(21) од Велес затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.

Тој бил приведен во Полициската станица Чаир и по документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Истиот ден во 16,10 часот во Полициската станица Гази Баба бил лишен од слобода Б.И.(22) од Скопје затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.

По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.