Свет

Швајцарската полиција спроведе тајна акција во Австрија

10. септември 2019 - 13:08 | МИА

Берн, 10 септември 2019 (МИА) – Швајцарската погранична полиција тајно спровела надзор и следење лица на територијата на Австрија поради канабис.

Во рамки на акцијата „Knobli“, според весникот Blick, швајцарски полицајци „шпионирале“ свои граѓани четири дена во цивилна облека во австриската провинција Форларберг.

Причината за акцијата, за која не биле запознати австриските власти, е тоа што има неколку продавници во Форарлберг кои легално продаваат семиња канабис, како и опрема за одгледување канабис.

Во Швајцарија е забранет увоз на одредени производи од коноп.

Швајцарските полицајци ги шпионирале клиентите од Швајцарија во продавниците во Австрија, регистрирале регистрации на автомобили и ги праќале до системот, така што подоцна тие автомобили ги запирале на границата.

Австрија не знаела ништо за акцијата на швајцарската полиција и немало да ја одобри, бидејќи швајцарските клиенти не го прекршуваат законот во наведените продавници.

Целата акција се најде во јавност откако еден полицаец на границата бил запрен со семе на коноп во багажникот и тој подоцна најавил дисциплински мерки против пограничните „шпиони“.