Фудбалерите на Реал Мадрид во голема драма славеа во вториот полуфинален меч против Баерн на „Сантјаго Бернабеу“ (2:1) и се пласираа во финалето на Лигата на шампионите со вкупни 4:3.
Алфонсо Дејвис ги доведе Баварците во предност во 68. минута, по додавањето на Кејн.
Потоа Карло Анчелоти воведе џокер од клупата. Хоселу излезе на теренот во 81. минута, веќе во 88. го матираше Нојер. И четири минути подоцна во 92-та го фрли Бернабеу во транс. Полскиот судија гледаше ВАР, а потоа го потврди новиот гол од Мадрид.
Кралскиот клуб ќе оди во финалето на Вембли на 1 јуни против Дортмунд со вкупен резултат 4:3.
Детаљ кој предизвика многу полемики на социјалните мрежи беше виден по едно од промашувањата на Бразилецот Родриго.
Младиот играч на Реал го покри лицето со дресот, незадоволен од сработеното, а одоздола имаше маица на која пишуваше: „Молете се за РС“.
За што се работи?
Бразилската сојузна држава Рио Гранде до Сул е погодена од катастрофални поплави, најлошите во историјата на овој дел од Бразил. А кратенката за Рио Гранде де Сул е токму РС.
На овој начин 23-годишникот го изрази своето сочувство и сакаше барем малку со овој гест да каже дека е со својот народ.