Што ќе значи „no deal Brexit“ или „Брегзит без договор“?

Ако Обединетото Кралство и Европската Унија не успеат да постигнат договор, може да се случи „no deal Brexit“ или „Брегзит без договор“.

Но, што точно значи тоа? Тоа значи дека Британците ќе излезат од Унијата без формален договор за тоа како ќе функционираат нештата, како регулирањето на границата со Ирска или гарантирање на правата на граѓаните на ОК во земјите на ЕУ.

Крис Морис од емисијата Reality Check на BBC одговара подетално на ова прашање.