Што е USB-C и зошто навистина ни треба?

Создавањето на USB-C конекторот беше мотивирано од желбата конечно да се најде решение за конфузијата што ја создаваат мноштвото различни конектори.

Најголемата промена што дојде со новата серија на паметни телефони iPhone 15 – преминот од стариот Lightning кон стандардниот USB-C порт, го донесе овој „универзален конектор“ во центарот на вниманието и на љубителите на технологијата и на обичните корисници.

USB-C првпат беше претставен во 2014 година и оттогаш станува сè поприфатен во технолошката заедница. Неговото создавање беше мотивирано од желбата конечно да се најде решение за конфузијата предизвикана од куп различни конектори (3,5 милиметарски приклучок за слушалки, VGA, USB...) со кои луѓето се мачат повеќе од две децении.

Затоа самата идеја за воведување „спасоносен“ уникатен конектор беше голем поттик за USB-C.

Новиот конектор не само што ги елиминираше проблемите со кои се соочуваат USB-A и USB-B, туку донесе и можност за брз пренос на податоци, пренос на видео сигнал и полнење на батеријата преку еден кабел. Сето ова го прави многу покорисен и употреблив од неговиот претходник.

И, за разлика од многу производители кои се повеќе го прифаќаа и го воведоа на своите уреди, само Apple досега се држеше настрана.

Еколошки причини

Многу поддржувачи на воведувањето на еден конектор се залагаат за негова употреба поради намалувањето на вкупната количина на отпад што се создава од фрлените кабли.

Кога имаме само еден кабел, тогаш ќе можеме да го користиме се додека работи, наместо да го фрламе со секој уред што ќе го замениме.

Фактот дека секој уред сега ќе поддржува ист тип на конектор значи дека веројатно ќе стане неважно дали производителите ставаат кабли во пакетот со уредите.

Иако недостигот на кабел во амбалажата на телефонот веројатно ќе им пречи на многумина, за други тоа е голем чекор напред кон намалување на отпадот, што на крајот веројатно ќе влијае на намалувањето на ефектите од климатските промени.

Сè на сè, може да се заклучи дека USB-C е тука да им го олесни животот на луѓето ширум светот кои користат паметни телефони и многу други уреди.

Тагови
реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Read more

Детали од свадбата што откриваат дека бракот нема да трае долго

Read more

Четворица фудбалери на Сити нема да добијат медали за освојување на лигата

Read more

Хардвер

Новиот iPad Pro на Apple донесе големи подобрувања

Read more

Оптички диск од наредната генерација може да собере 14.000 4К филмови

Read more

Xiaomi Pad 6S Pro: Нов таблет во клинч со најдобрите

Read more

Lenovo на MWC ќе претстави проѕирен лаптоп

Read more
 

Гик

Решена мистеријата стара 4.000 години за изградбата на пирамидите во Гиза

Читај повеќе

Интервју со Иван Брзовски: Magenta TV – редефинирање на телевизијата во дигиталната ера

Читај повеќе

Откриен мистериозен подземен влез во близина на Големата пирамида

Читај повеќе

Готово е: Од денеска само X

Читај повеќе

Голема закана за YouTube: TikTok тестира видео од 60 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Grand Theft Auto 6 ќе пристигне во 2025 година

Читај повеќе
  • play_arrow

ChatGPT доби надградба на која само небото ѝ е граница

Читај повеќе

Canon потврди: Доаѓа моќниот EOS R1

Читај повеќе

Приватен простор и подобaр мултитаскинг: Пристигна Android 15 Beta 2, еве што сѐ носи

Читај повеќе