Серија А слави 90-ти роденден

Италијанското калчо, онакво какво што го знаеме денес, стартуваше пред точно 90 години, првиот викенд од октомври во 1929 година.

Во Италија првенство се игра од 1898 година, но со разни поделби на региони и групи, па баражи за шампион, испаѓање. Една лига, наречена Серија А се игра од октомври 1929, а прв шампион беше Амброзијана, денешен Интер.