Архитектура

Секој сантиметар е важен: Како да ја уредите малата бања?

29. октомври 2019 - 13:38 | М.С.

Малата бања може да изгледа убаво, само треба да ја вклучите имагинацијата во уредувањето. Со помош на неколку трикови, малата бања може да изгледа навистина убаво и просторно.

Прво, секогаш бирајте светли бои на мебел и плочки за да бањата изгледа поголема.

Полицата над вратата е одличен начин паметно да го искористите просторот. На оваа полица може да ги оставате пешкирите или средствата за лична хигиена. Освен тоа не мора да купите полица, може да ја направите сами.

Освен полицата над врата, може да направите и неколку полици над вц-школката.

Туш кабината со плочки во светла боја, ќе направи бањата да изгледа поголема.

Машината за перење алишта може да ја ставите под мијалникот. Ќе заштедите многу простор.

Дури и малата комода може да се искористи правилно.

Со помош на кутија за организирање на работите вашите средства за чистење секогаш ќе бидат на своето место.