Свет

Сè уште неизвесно формирањето влада во Шпанија

3. декември 2019 - 12:29 | МИА

Мадрид, 3 декември 2019 (МИА) – По изборите во ноември, шпанските пратеници денеска се вратија во Парламентот, но и понатаму нема јасни знаци дека наскоро ќе биде формирана нова влада и ќе бидат избегнати нови избори.

Пратениците денеска треба да изберат претседател на Парламентот, кој потоа треба да се сретне со шпанскиот крал Фелипе Шестти.

Потоа кралот Фелипе Шестти во следните неколку недели треба да се сретне со лидерите на парламентарните партии со цел да се избере мандатар.

Актуелниот премиер Педро Санчез има најголеми шанси да биде мандатар, бидејќи неговата Социјалистичка партија на изборите одржани на 11 октомври освои 120 пратенички места.
Санчез потпиша договор со левичарската партија „Заедно можеме“ (Унидас Подемос), која освои 32 места во Парламентот.

За формирање владејачка коалиција потребни се 176 од вкупно 350 пратеници во Парламентот.

Шпанија е последната од 29-те земји-членки на НАТО што го нема ратификувано Договорот за членство на Северна Македонија во Алијансата. Ратификацијата треба да биде одобрена од шпанскиот Парламент.