Во Бадалона, североисточно во близината на Барселона, утринава се урна петкатна зграда, објавија локалните медиуми.
Спасувачките екипи се на самото место во потрага по луѓе затрупани во урнатините, но сѐ уште никој не е пронајден, пренесува каталонската новинска агенција CNA.
На местото на несреќата биле ангажирани 13 противпожарни единици, 5 медицински единици и екипа психолози.
Причината за несреќата засега не е позната. Евакуирани се соседните згради број 7 и 11.