Сè што е погрешно со „The Shining“

Психолошкиот хорор „The Shining“, во режија на Стенли Кјубрик, доби продолжение со наслов „Doctor Sleep“, но пред да го погледнете новиот филм може да се потсетите на првиот дел.

Во најновата епизода на „Сè што е погрешно со“ екипата на Cinema Sins направи видео во кое открива што сè е погрешно со „The Shining“, снимен во 1980 година, според книгата на Стивен Кинг.