Се прават анализи дали ќе остане летното сметање на времето

Министерството за економија сѐ уште ги прави анализите за можноста да остане летното сметање на времето, иако министерот за економија Крешник Бектеши во понеделникот изјави дека тие би требало да бидат готови до крајот на неделава.

Побарано е мислење од МАНУ и од Бирото за метрологија и штом се добие нивното мислење, како што вчера изјави министерот Бектеши, анализата ќе биде доставена до Владата, која треба да ја донесе конечната одлука.

Одлуката дали ќе остане летното сметање на времето или ќе се премине кон зимско сметање, треба да биде донесена до крајот на овој месец.

И премиерот Димитар Ковачевски во понеделникот изјави дека анализите ќе покажат каква одлука ќе биде донесена.

– Ќе видиме дали ќе продолжиме со летното сметање на времето или како досега ќе ја направиме промената. Во моментот, не можам да ви кажам, би сакал да ги видам анализите. Во моментот повеќе има „про“ оставање на летното сметање на времето, но да ги видиме сите детални анализи и потоа ќе донесеме одлука, рече Ковачевски.

Зимското сметање на времето почнува од последниот викенд во октомври, кога стрелките на часовникот се поместуваат за еден час наназад. 

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Македонија

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Read more

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Read more

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Read more

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе