Свет

Сателитски снимки открија: Кинеска војска на границата со Хонгконг

14. август 2019 - 15:44 | Б.С.Б.

Кина доведе воени трупи на границата со Хонгконг каде скоро три месеци траат насилни протести.

Официјален Пекинг тврди дека војската и другите единици започнале воени вежби кои не се поврзани со уличните нереди, но сателитски снимки открија дека на границата со Хонгконг се сместени оклопни и други воени возила, паркирани во спортскиот комплекс во Шенжен.

Сателитските снимки се направени со помош на системот Maxar WorldView, а се гледаат повеќе од 500 возила во стадионот на Спортскиот центар Шенжен, пренесува Associated Press.

Business Insider пишува дека во Шенжен, кој се наоѓа само 25 километри од границата со Хонгконг, е собрана кинеска војска со оклопни возила, што претставува предупредување за демонстрантите.

Американскиот претседател Доналд Трамп уште вчера на Twitter објави дека е известен за тоа дека кинеската влада ги мобилизира воените трупи на границата со Хонгконг.

На социјалните мрежи се објавени и видео снимки од долги колони на воени возила кои влегуваат во Шенжен.