КОмпанијата Samsung официјално го претстави својот нов таблет Galaxy Tab S6.
Станува збор за таблет со Android оперативен систем, дизајниран за продуктивно работење и за забава. Tab S6 поддржуваа внесување податоци со S Pen пенкало што доаѓа во пакувањето и што може да се чува во склоп на опционалната тастатура што чини 179 долари. Кога е ставено во лежиштето, пенкалото се полни.
Продажбата ќе почне на 6 септември, а Tab S6 ќе чини 649 долари и ќе има 6 GB RAM и 128 GB внатрешна меморија.
За верзијата со 8 GB RAM и 256 GB внатрешна меморија ќе биде потребно да се издвојат 729 долари. Од Samsung соопштија дека нешто подоцна ќе се појави и LTE верзија на таблетот.
Новиот таблет ќе го заземе самиот врв кога станува збор за понудата на Android таблет уреди на Samsung во која се вбројуваат Galaxy Tab A и Tab S5e. Компанијата има и посебна таблет линија со Windows 10 оперативен систем.
Уредот е со дебелина од 5,7 мм, а тежок е 420 грама. Има четири звучници долж работ, по два од секоја страна, Qualcomm Snapdragon 855 процесор и батерија од 7.040 mAh која трае до 15 часа.
Tab S6 доби 10,5-инчен OLED екран со резолуција од 2.560x1.600 пиксели во формат 16:10, а рабовите се малку потенки во споредба со Tab S4.
Сензорот за препознавање лица е заменет со оптички сензор за отпечаток од прст интегриран во екранот. На задната страница има две камери, едната со 13, другата со 15 мегапиксели.
Tab S6 користи оперативен систем Android 9 Pie со верзија 1,5 Samsung OneUI интерфејс.