Чек дис аут

Само за фановите на Хари Потер: Изнајмете ја куќата во која е роден

7. ноември 2019 - 13:22 | М.С.

Сите обожаватели на книгите и филмовите за волшебникот Хари Потер, ќе се израдуваат за информацијата дека неговиот дом во кој живеел со родителите Лили и Џејмс е достапен на Airbnb. 

Веднаш помислувате дека ќе ја видите собата под скалите во која растеше малиот волшебник, но всушност станува збор за куќата во која Хари живеел пред смртта на неговите родители.

Куќата се наоѓа во Англија и е позната под името „DeVere“.

 

На Airbnb добива највисоки оцени за услугата. Цената за едно ноќевање изнесува 142 долари или околу 128 евра, а за тие пари ќе добиете две соби со бања. Освен тоа, има дневна соба со камин. 

Куќичката се наоѓа во центарот на градот, а термините скоро секогаш се зафатени.