САД: Рекордни продажби на Cyber Monday

Вашингтон, 3 декември 2019 (МИА) – Истражувачкиот центар Adobe Analutics објави резултати од малопродажните предбожиќни распродажби во САД на Cyber Monday, 2 декември. За време на вчерашниот ден продажбите на мало во земјата достигнале рекордна сума од 9,4 милијарди долари, или 19,7 отсто повеќе од лани.

Првиот работен понеделник во САД меѓу маркетолозите и ритејлерите веќе со години е познат и како Cyber Monday. Таквиот назив доаѓа од фактот што Американците кои се враќаат на работа по продолжениот викенд за Денот на благодарноста, порачките ги прават онлајн од своите работни места.

Онлајн продажбата во САД постои веќе трета деценија и компаниите за продажба на мало нудат попусти не само на Black Friday туку и за време на викендот, но и активно нудат стоки на попуст преку интернет. Продажбите на Black Friday секоја година се намалуваат, додека продажбите во останатите денови, вклучително и онлајн, се зголемуваат.

Годинава е постигнат и нов рекорд, односно 36 отсто од интернет продажбите на Cyber Monday биле извршени на мобилниот интернет, со паметни телефони. Овие продажби достигнале три милијарди долари. На прво место се персоналните компјутери преку кои биле извршени 59 отсто од продажбите, а на трето се таблетите со кои Американците извршиле 5 отсто од вкупните продажби за време на Cyber Monday.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Интернет

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Read more

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Read more

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Read more

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Read more
 

Гик

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Читај повеќе

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Читај повеќе