ФИБА РАНГ ЛИСТА

САД и натаму најдобри во кошарка пред шампионот Шпанија

И покрај бламажата на Мундобаскетот репрезентацијата на САД и натаму е најдобро рангирана пред шампионот Шпанија, додека на третото место се проби Австралија. Македонија излезе од топ 50.

Шпанија стана светски шампион на мундијалот во Кина, но и тоа не беше доволно за да ги турне САД од првото место на најновата ранг листа на ФИБА. Со скок од 8 места сега трета е Австралија, а во топ 10 влезе Чешка со скок од дури 14 места, најмногу од сите учесници на Мундијалот заедно со Нов Зеланд кој е сега 24-ти. Голем скок има и Полска која рипна 12 места и сега е 13-та.

Кога станува збор на македонската репрезентација, паднавме дури 11 места и сме четврта репрезентација со најлош пад по Јамајка (15), Латвија (13) и Финска (13). Излеговме од најдобрите 50 светски репрезентации и сега сме 53-ти, а во Европа 29-ти.

Македонија досега никогаш не играла на Светско, а низата од четири настапи едноподруго на ЕУРО ја прекинавме со неуспешните квалицикации за изданието во 2017. Квалификациите за 2021 ги почнуваме во февруари дома против Естонија.

реклама

Кошарка

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Read more

Сега е официјално: Јокиќ против Дончиќ за титулата МВП

Read more

Далас на Дончиќ поразен на стартот од плеј-офот, Харден и Зубац одржаа лекција по кошарка

Read more

Јокиќ против Лејкерс дојде облечен како Гру

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе