Рускиот S-400 воздушен систем за одбрана во акција

Руската војска изведе воени вежби со одбранбениот ракетен систем S-400 на полигонот Капустин Јар во Астрахањската област на Каспиското Море.

Се работи за системот кој годинава Турција го набави од Русија и си направи проблем со Америка, а по истиот пат тргна и Индија која е во завршни преговори за набавка на истиот.

Системот е во служба од 2007 година, а е во функција и во Сирија.