Авто новости

Рускиот Rolls-Royce ќе почне да се продава во 2021, а веќе има 600 резрервации

13. октомври 2019 - 10:39 | А.С.

Министерот за трговија и индустрија во владата на Русија Денис Мантуров тврди дека има огромна побарувачка за домашните луксузни автомобили.

Покрај високата почетна цена на лимузината Aurus Senat од 141.000 евра и фактот дека ќе почне да се продава дури во 2021 година, веќе се нарачани 600 единици од ова луксузно возило.

Компанијата следната година ќе може да продаде 50 единици.

Иако конкуренција им се популарните британски лимузини Rolls-Royce и Bentley, Русите се потпираат на својот адут – лично развиен хибриден погон и трансмисија.

Меѓутоа, поради спорот околу патентот со Toyotа, Aurus моментално не може да се продава на пазарите во ЕУ.