Свет

Руски Сухои избркаа ловец на НАТО

13. август 2019 - 17:30 | МИА / Ф.З.

Ф-18 ловец на НАТО го прател авионот со кој патувал рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу по што бил избркан од два руски Сухој 27. Инцидентот се случил над Балтичкото Mоре .

Авионот во кој се наоѓал Шојгу летал од Калининград за Москва во придружба на два ловци Су-27.

Дописникот на агенцијата Тасс, кој се наоѓал во авионот на рускиот министер за одбрана, јавил дека руските борбени авиони го присилиле Ф-18 да се одалечи.