Роналдо: Би можел да играм до 41 година

Интервју на Кристијано Роналдо во кое меѓу другото открива и дека е оптимист кога станува збор за одењето во пензија, ќе биде како Хавиер Занети и Франческо Тоти играјќи до четириесетина години.

„Можам да ја завршам кариерата наредната година, но би можел да играм и до 40, 41 година. Не знам, она што секогаш го велам е дека треба да се ужива секој момент. Сегашноста ми е супер и треба да уживам во неа. Не верувам дека има играч кој држи повеќе рекорди од мене, веќе сум дел од фудбалската историја“, рече Роналдо во интервју за португалската телевизија TVI.

Португалецот минатата година прво имаше проблеми со данокот во Шпанија, а потоа следуваше и обвинувањето за силување.

„2018 ми беше најтешка година во животот на личен план. Лошо е кога твојата чест ја доведуваат во прашање. Но, благодарение на Бог уште еднаш се покажа дека не сум виновен. Моето семејство како и сите оние што ми посакуваат добро знаеја дека сум невин, но сепак тоа беше тежок период“.

На 34 години Роналдо веќе има заработено премногу пари што му останува единствено да игра од мерак. Токму тоа и го прави и ужива.

„Фудбалот не ми е потребен за да живеам добро, кога станува збор за финансискиот дел јас сум мирен. Она што ми е потребно се атрактивни проекти како што е тој на Јуве. Отсекогаш ми се допаѓал тој тим, тоа е најдобриот во Италија и меѓу најдобрите во светот. Откако ги освоив Англија и Шпанија, освоив и во Италија. Секој сака да ја освои Лигата на шампиони, така и ние, но смее да дозволиме да ни биде опсесија, треба да оставиме работите да си се одвиваат сами и да одиме чекор по чекор. И да се потсетиме дека парите не прават големи тимови. Погледнете само колку години Барселона, Баерн и ПСЖ ја немаат освоено“.

„Не е случајност што јас и Меси имаме освоено по пет „Златни топки“. Јас сѐ уште имам порив да победувам, како на клупски така и на индивидуален план. Во спротивност ќе се пензионирав. Тоа би било лесно бидејќи не ми фали ништо, но она што ме мотивира е страста кон фудбалот и желбата за победување“.

Заминувањето од Реал било нешто што едноставно морало да се случи поради презаситеност. Таму Роналдо освои сѐ што може да се освои на клупски план.

„Заминувањето од Мадрид беше многу далеку потешко за мојот син Кристијанињо бидејќи требаше да се раздели од другарчињата, но со месеци го подготвував за тој ден. Разбираше дека постои можност тато да го напушти Реал, не веруваше дека тоа ќе се случи, но беше свесен дека постои таква опција. Јас сум личност која не сака да седи во комфорт-зоната, а Мадрид веќе стана токму тоа. Сакав нов предизвик.“

Тој ја откри и точната верзија за тоа како во 2003 од Спортинг  заврши во Манчестер Јунајтед: „Вистината е дека имаше многу понуди и преговори со разни клубови, на пример Валенсија. Се сретнав со Венгер со кој зборував за премин во Арсенал. Зборував и со Барселона, Реал, Интер. Потоа Јунајтед, кој од претходно беше заинтересиран, стана уште позаинтересиран и ја зголеми понудата“.

реклама

Спорт

Торино потврди: Интер и Јуве бијат битка за дефанзивецот Бремер

Read more

Дали е ова најбруталниот старт на сезоната?

Read more

Десет суперѕвезди на кои забрзано им се губи сјајот

Read more

Јапонските власти ги демантираа информациите за откажување на Олимписките игри

Read more
 

Ново

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе