Рибери го сефтоса „Артемио Франки“

Синоќа беше официјалната презентација на Франк Рибери како нов играч на Фиорентина, а по прес-конференцијата Французинот излезе на славниот „Артемио Франки“ стадион во Фиренца каде го пречекаа 10 илјади навивачи.

Рибери пред некој ден дојде во Виола, потпиша договор, веќе и тренираше со тимот, но официјалната презентација се одржа синоќа.