Компанијата Oppo го претстави најновиот член на своето семејство, смартфонот Reno Аce.
Новиот смартфон Reno Ace има сличен дизајн како OnePlus 7T.
Спецификации:
Reno Ace има Snapdragon 855 Plus процесор, 6,5-инчeн екран со формат 20:9, со фрекфенција на освежување од 90Hz и резолуција 1080p; Sony камера IMX586 од 48 мегапиксели и 12 GB RAM.
Меѓутоа, она по што ќе се разликува од другите смартфони е времето за полнење на батеријата од 4.000 mAh.
Благодарение на SuperVOOC технологијата со моќност од 65W, батеријата целосно се полни за само 30 минути.
Доколку го полните само 5 минути, батеријата ќе издржи 2 часа.
Reno Ace ќе биде достапен во Кина, а цената сè уште не е објавена.