Реклама на Pepsi ги обедини Американците: Сите ја мразат

Новата реклама на Pepsi ги обедини демократите и републиканците во САД по линија на хејт.

Едните гледааат славна личност која нема допир со реалноста и корпорација што ја глорифицира либералната агенда.

Другата страна гледа славна личност која нема допир со реалноста и корпорација што профитира од борбата за правата на граѓаните, имигрантите и ЛГБТ заедницата.

И двете страни се согласуваат: Ја мразат новата реклама на Pepsi со Кендал Џенер.

Проценете сами.