Фудбал

Реал без Хамес во следните три недели

16. ноември 2019 - 14:15 | МИА

Мадрид, 16 ноември 2019 (МИА) – Колумбискиот репрезентативец Хамес Родригес ќе биде аут од терените во следните три недели поради повреда.

Играчот од средниот ред на Реал Мадрид претрпе повреда на коленото за време на тренинг, а прегледите покажаа растегнување на лигаментите, што е подобра прогноза отколку првично предвиденото.

Родригез ќе оди на дополнителни прегледи во Мајами.

Оваа сезона, Родригес забележа 9 натпревари, постигна 1 гол и даде 1 асистенција на сите турнири.