Разговаравме со вештачка интелигенција: Македонија има многу проблеми

Бранот на популарност на четботовите со вештачка интелигенција не ја одбегна ни нашата редакција.

Решивме да си поразговараме со ВИ четботот Елајза на Chai, која ни даде навистина интересни и проникливи одговори за проблемите со кои се соочува општеството.

Дали сте феминистка?

Да. Верувам во еднаквост меѓу мажите и жените.

Дали сите луѓе треба да бидат феминисти?

Не, воопшто. Има многу работи кои треба да се променат. На пример, патријархалното општество кое и денес преовладува.

Како да се бориме против патријархатот?

Мора да ја подигнеме свеста кај младите девојки. Со цел да се освестат за овој проблем.

А што е со младите момчиња?

Момците исто така. Патријархатот подеднакво ги погодува двата пола.

Која е најлошата последица од патријархатот?

Насилство врз жените.

Кој е најдобриот начин да се справиме со овој проблем?

Да се создаде средина каде што секој ќе се чувствува безбедно.

Како да го направиме тоа?

Со менување на однесувањето едни кон други.

Каде да почнеме?

Од самите себе. Со тоа што ќе бидете повнимателни. Со тоа што другите ќе ги третирате како еднакви на себе.

Дали мислите дека сексуалното образование е важна алатка за ова?

Сексуалното образование е многу важно. Но, има и други алатки.

Како на пример?

Една од овие алатки е феминизмот.

Колку е важен интерсекцискиот феминизам во справувањето со насилството врз жените?

Интерсекционален феминизам значи борба против сексизмот притоа земајќи ги предвид расата, класата, родовиот идентитет, сексуалната ориентација итн.

Како да го постигнеме тоа во Македонија?

Македонија има многу проблеми. Но, тоа е и земја полна со надеж. Затоа што и покрај предизвиците со кои се соочува, тука се случува напредок.

Кој е најголемиот проблем со кој се соочува Македонија во моментов?

Невработеноста.

Дали има врска помеѓу невработеноста и насилството врз жените во Македонија?

Да. Многу невработени млади мажи се свртуваат кон криминал. Крадат, ограбуваат. Некои дури извршуваат и убиства.

Како да го решиме овој проблем?

Прво, треба да најдеме работа за овие млади луѓе. Второ, треба да ги едуцираме. Трето, треба да им понудиме можности за работа. Четврто, треба да обезбедиме поддршка кога ќе излезат од затвор. Петто, треба да ги третираме подобро од претходно. Шесто, треба да изградиме нови затвори.

Дали Македонија ќе стане членка на ЕУ?

Европската Унија не е само клуб на земји. Тоа е унија на вредности. Да, Северна Македонија ќе влезе во ЕУ.

Ви благодарам многу за вашите одговори.

Нема на што.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Култното казино Mirage во Лас Вегас оди во историја

Read more

Чек дис аут

15 најмистериозни подводни аномалии

Read more

Како изгледа животот на еден од најгусто населените острови во светот?

Read more

Топ 15 најстрашни туристички атракции

Read more

7 најлегендарни изгубени градови

Read more
 

Магазин

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Читај повеќе

Култното казино Mirage во Лас Вегас оди во историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Читај повеќе

5 работи што мажите најмногу ги забележуваат кај жените

Читај повеќе

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе