Радев во Косово: Имате 15.000 граѓани со бугарска самосвест, да бидат признаени како независна заедница

Бугарскиот претседател Румен Радев вчера со претседателката на Косово, Вјоса Османи, разговараше за европската перспектива на Приштина, за стабилноста во Југоисточна Европа и за можностите за продлабочување на односите меѓу Бугарија и Косово.

„Бугарија е меѓу главните двигатели за забрзана европска интеграција на Западен Балкан“, нагласи Румен Радев, кој претходно се фалеше дека била негова идејата да поставува услови на патот на Македонија кон Европската Унија.

Румен Радев во Приштина рече дека Бугарија ги поддржува напорите за реформирање на Косово на патот кон ЕУ:

Вјоса Османи го истакна значајниот придонес на Бугарија во секоја фаза од создавањето на Косово – од признавањето на независноста на најмладата земја во Европа до учеството на бугарската војска во мировната мисија на НАТО (КФОР):

„Косово продолжува да се потпира на поддршката на Бугарија во следните чекори до целосното пристапување на нашата земја во Европската Унија. Се надеваме дека тоа ќе биде и геостратешки приоритет за Брисел“, рече Османи.

Бугарските медиуми јавуаат дека во фокусот на разговорите била и бугарската заедница во Косово.

Бугарската страна тврди дека скоро 15 илјади луѓе имаат бугарска самосвест, а во јануари годинава била поднесена петиција до Парламентот на Косово со барање тие да бидат признати како независна заедница.

Двајцата разговарале за можноста Бугарите во Косово да се признаат како заедница.

Вјоса Османи ги обврзала властите во земјата да ги почитуваат сите стандарди на претстојниот попис на населението во Косово, да го направат процесот транспарентен и да ги гарантираат правата на сите малцинства.

„Бидејќи српското малцинство во моментов го бојкотира парламентот во Приштина и не учествува во гласањето на законските измени, тоа го отежнува и донесувањето на нормативни акти поврзани со статусот на малцинствата“, рече Вјоса Османи.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Регион

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Read more

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Read more

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Read more

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Read more
 

Вести

Како иранскиот претседател го доби прекарот „Касапот од Техеран“?

Читај повеќе

Волстрит достигна рекордни нивоа

Читај повеќе

Што би се случило со Германија доколку излезе од ЕУ?

Читај повеќе

Граничните процедури по Брегзит ќе ја чинат Британија 6 милијарди долари

Читај повеќе
  • play_arrow

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Читај повеќе

Обвинителката собра докази против тројцата осомничени за убиството на Вања и Панче, за Палчо истрагата трае

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Читај повеќе

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе