Aston Martin го претстави нивниот прв мотоцикл во историјата и изгледа фантастично. Новото изненадување од Aston Martin се вика AMB 001, станува збор за првиот мотоцикл во историјата на компанијата.
За да развие ваков фасцинантен мотоцикл компанијата влезе во партнерство со англискиот произведувач Brough Superior Motorcycles.
Мотоциклот оди во производство и ќе бидат произведени 100 примероци. Цената ќе изнесува 108.000 евра.
На него го има логото на Aston Martin. Го движи мотор со 180 коњски сили. Она што фасцинира е дизајнот.