Првата пловна нуклеарна електрана на пат кон Арктикот

Москва, 23 август 2019 (МИА) – Русија денеска го покрена првиот пловен нуклеарен реактор во светот и го испрати на Арктикот и покрај предупредувањата на активистите за заштита на околината дека се работи за „Чернобил на мраз“.

Пловниот нуклеарен реактор „Академик Ломоносов“ денеска ќе исплови од арктичкото пристаниште Мурманск на пад долг 5.000 километри до североисточен Сибир.

Нуклеарната агенција „Росатом“ соопшти дека реакторот е поедноставна алтернатива од изградба на конвенционална нуклеарна електрана на терен, кој е замрзнат цела година.

Екологистите подолг период предупредуваат од опасноста на пловниот нуклеарен реактор „Академик Ломоносов“ нарекувајќи го „Чернобил на мраз“ и „нуклеарен Титаник“.

Патувањето на „Академик Ломоносов“ предвидено е да трае од четири до шест недели во зависност од временските услови и количеството на мраз на патот. Кога ќе пристигне во градот Певек, кој има 5.000 жители, во сибирскиот регион Чукотка, ќе ја замени локалната нуклеарна електрана. „Академик Ломоносов“ ќе биде пуштен во погон до крајот на годината и ќе служи за снабдување со енергија на нафтените платформи во регионот.

Изградбата на 144 метри долгиот „Академик Ломоносов“ почна во 2006 година во Санкт Петербург. Тој е тежок 21.000 тони и има два реактора со капацитет од 35 мегавати. Екипажот брои 69 лица, а бродот плови со брзина од 3,5 до 4,5 чворови.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе