„Шпионските“ фотографии го откриваат внатрешниот изглед на новиот модел на Audi.
Во тек се завршните тестирања на предпродукцискиот Audi Q8, кој кога ќе се појави во продажните салони, ќе им се спротистави на моделите како што се Mercedes GLE Coupе и BMW X6.
Фотографијата на која може да се види кабината на автомобилот, покажува дека моделот Q8 внатрешно е дизајниран под влијание на најновиот модел Audi A8, пред се кога станува збор за двата големи дисплеја на централната конзола на автомобилот.
Тука се и оние широки вентилациони отвори слични на оние на SUV моделот Q7.
Q8, како спортски „роднина“ на Audi Q7, ќе има речиси ист мотор со ова возило , а во план е и 48-волтен plug-in, хибриден погонски систем, во верзија SQ8.