Просинечки по грешка го викна Ибрахимовиќ да игра за Босна

Босанскиот селектор ја објавуваше листата на повикани играчи за претстојните ЕУРО 2020 квалификациски натпревари против Ерменија и Лихтенштајн, а прв го прочита Златан Ибрахимовиќ, нормално по грешка.

Роберт Просинечки всушност требаше да го изговори името на голманот Ибрахим Шехиќ, но очигледно потајно посакува да го имаше на располагање Швеѓанецот Ибра.

(лапсусот е на 1:25)