Промовирани нови 130 професионални војници на АРМ

Скопје, 27 декември 2018 (МИА) – Нови 130 професионални војници денеска беа промовоирани во касарната „Илинден“ во Скопје. Новите војници се последната група од планираните 375 за 2018 кои беа најавени во јануари оваа година. Првата група беше примена во јули, а втората во октомври.

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска на новите војници им порача дека ќе имаат многу предизвици, но им нагласи дека нема да бидете сами и дека во секое време ќе ги имаат постарите колеги, целата армиска структура и Министерството за одбрана

-Вие сте уште еден доказ дека за нас зборот е збор и дека она што сме го најавиле знаеме да го испорачаме. Со вас просечната возраст на припадниците на Aрмијата ќе се намали за цели три години. Вие ќе бидете новиот мотив и капацитет на АРМ. Покажуваме дека Армијата навистина ја претставува Македонија во целост каква што е. Меѓу вас има Македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби, Бошњаци и Власи. На овој последен конкурс во целост се исполнети принципите и политиките на правична застапеност. Разноликост имаме и во поглед на полот. Од вкупно 375 професионални војници 48 се девојки и жени. Треба да бидеме задоволни од овие храбри припадници на АРМ кои влегле во професија која се уште многумина ја сметаат за машка, истакна Шекеринска.

Министерката нагласи дека поката за НАТО е најголемиот успех во оваа година на Македонија, но успех, дададе таа, е и решавањето на проблемот со униформите и чизмите.

-Веќе почнаа да пристигаат првите пратки од околу 7.000 пара чизми кои многу брзо ќе ги добијат букавално сите припадници на Армијата. Минатата недела го потпишавме договорот со кој прват ќе набавиме 14.000 воено технички униформи. Во НАТО, АРМ ќе влезе гордо, достоинствено и исправена, рече Шекеринска.

Потсети дека во 2018 година новите војници ќе ги дочека плата која е 10 проценти зголемена, а од септември 2019 година ќе добијат доплнително зголемување од пет отсто. Информираше дека за оваа и идната година не се отстапува од зголемување на буџетот. Во 2018 беше зголемен за 15 проценти, а за следната година е обезбедено зголемување за 33 отсто. Приеоритет, потенцира Шекеринска, е НАТО целта, а тоа е два проценти од БДП за АРМ. 

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Македонија

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Read more

Муцунски: Вчера се случи почетокот на крајот на власта на СДС и ДУИ

Read more

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Read more

Пендаровски победи во 3 општини, а Таварари и Димитриевски само кадешто се градоначалници

Read more
 

Вести

  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе

Муцунски: Вчера се случи почетокот на крајот на власта на СДС и ДУИ

Читај повеќе
  • play_arrow

Москва: Американското нуклеарно оружје во Полска ќе биде примарна цел

Читај повеќе

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Читај повеќе

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Читај повеќе

Русија стави вето на Советот за безбедност на ОН против забраната за оружје во вселената

Читај повеќе

Пендаровски победи во 3 општини, а Таварари и Димитриевски само кадешто се градоначалници

Читај повеќе