Промовирана официјалната химна за СП Кина 2019

На три и пол недели пред почетокот на Светското првенство во Кина е објавена официјалната химна на турнирот.

Песната се вика Champion и е во изведба на Џејсон Деруло и Тија Реј.

Мундијалот почнува на 31 август кога на програмата се осум натпревари, а први ќе истрчаат на паркетот кошаркарите на Ангола и Србија.